Скопјани проверете во која населба утре ќе нема струја

Дел од корисниците од улиците „Питу Гули“, „Партениј Зографски“, „Ацо Караманов“ и „Салвадор Аљенде“ во општина Центар в понеделник од 10 до 12 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Кондово, а од 10 до 14 часот дел од корисниците од улицата „Скупи“ во општина Карпош.

Од 9:30 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од Трговскиот центар на улицата „Босна и Херцеговина“ во општина Бутел, а од 9 до 15:30 часот дел од корисниците од улицата „Јан Хус“ во општина Карпош.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сарај и Грчец, улиците „1“, „2“, „3“, „4“ и „5“ во општина Сарај.  

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето се електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД. 

30.05.2014 - 16:24
Фото: 
скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега