Паѓаат цените на новите станови во Грција

 

Цените на новите станови во Грција се намалени за 34 проценти во однос на 2009 година, односно пред кризата, така што нов стан што пред пет години се продавал по цена од 200.000 евра, сега може да се купи за 130 илјади евра.

Старите станови се продаваат по цена од 110 илјарди евра, додека во 2009 година нивната цена изнесувала 181 илјада евра.

Истражувањето, објавено од грчката страница „репортер.гр“, покажува дека при купувањето на недвижен имот 84 отсто од купувачите плаќале во готово, а не со лредит од банка, додека две третини од нив биле во брак и со семејства.

Европските граѓани најмногу купувале недвижен имот во јужниот дел на Егејското Море

30.05.2014 - 11:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега