Тие се најбогатите луѓе во Македонија

 

Списанието ,,Форбс” и оваа година го рангираше како најбогат во Македонија според пазарната вредност на акциите на неговите компании- ,,кралот на челикот” Минчо Јорданов, а веднаш зад него следи генералниот директор на АД Макпетрол, Андреа Јосифовски, пренесува порталот Денар.

Според магазинот, Минчо Јорданов цврсто се држи на првата позиција, но Андреа Јосифовски значително му се приближува.

Листата на најбогати бизнисмени во регионот според ,,Форбс” ја предводи сопственикот на Агрокор, хрватот Ивица Тодориќ со 735 милиони евра, потоа следи ,,кралот на шекерот” во Србија, Миодраг Костиќ со 520 милиони евра и Санди Чешко сопственик на најголемата компанија за телевизиска продажба во регионот ,,Студио Модерна” со 460 милиони евра

29.05.2014 - 20:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега