Агрометеоролозите апелираат: Земјоделците да ги заштитат посевите од штетници

 

Земјоделците да ја искористат секоја можност за заштита на посевите, редовно да ги прскаат особено поради најавата за вечерашниот нов бран врнежи во Македонија, велат агрометеоролозите.

- За само еден до два дена може да се уништи целиот род зашто има премногу пламеница и пепелница. Тие може да направат катастрофа. Но, регистрирана е и појава на житна пијавица која тешко ќе се искорени зашто житата се веќе искласани, изјави Ангелко Ангелески од Управта за хидрометеорлошки работи.

УХМР за ноќва прогнозира обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен. 

29.05.2014 - 14:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега