Го претепале бидејќи им наплатил паркинг - драма во Охрид

26-годишниот К.М. и две години помладиот Т.Б. од Охрид заработија кривична за „насилство“. Пријавените на паркинг просторот на улицата „Македонски просветители“ во централното градско подрачје, револтирани бидејќи им била побарана наплата од 30 денари за користење на паркинг простор, започнале вербална расправија со вработениот инкасатор во Ј.П. „Биљјанини извории“ по што користејќи го мометот кога Т.Б. го фатил за вратот, отишол до своето паркирано патничко моторно возило, извадил дрвена палка и замавнал удирајќи го инкасаторот по што го напуштиле местото на настанот.

Против К.М. и Т.Б. по повеќе основи се поднесувани кривични пријави. На пријавените им е мерка притвор во траење од осум дена.

29.05.2014 - 13:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега