Скопската елита во паника - им паднаа главните дилери

Скопската елита остана без марихуана. Четворицата главни дилери на дрога кои ги снабдувале познатите фаци од скопскиот асфалт паднаа во мрежата на МВР. Амфетамини, подготвени цигари и неколку пакетчиња трева биле пронајдени кај приведените.

Актери, уметници, познати ликови за јавноста биле на нивниот список на редовни клиенти. Полицијата потврдува дека дилерите снабдувале со дрога различни кругови, но не ги открива муштериите.  Имало само сознанија, но не и докази за корисниците на наркотични средства. И на познатите фаци, дилерите им нуделе роба со лош квалитет. Меѓу подготвените цигари полицијата открила и такви со мешавина на марихуана и тутун. Дрогата е запленета и предадена на вештачење.

Акцијата која има за цел да ги запре уличните дилери, досега спречи препордажба на над 460 килограми најразличнен вид на наркотични средства. Минатата недела на листата прво осомничени се најде и Аслан Нуиши, познат на јавноста како осомничен за атентатот на претседателот Глигоров. Дел од групата на Нуиши веќе е зад решетки, а според сомнежите на МВР тој бил главниот снабдувач. Во акцијата мрежа досега паднаа седумдесет улични дилери на дрога. 

28.05.2014 - 23:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега