Неделава сообраќајот во Скопје ќе се поремети - ѕирнете каде

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од денеска по 15 часот, ќе почне нанесувањето на завршниот слој асфалт на новопробиените две сообраќајни ленти на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром. Поради тоа, на делови од овој булевар ќе се воведе привремен сообраќаен режим, и тоа:

 -       Денеска попладне и утре ќе се асфалтира потегот од бензинската станица „Пуцко петрол“ до објектот на Американ колеџ. Поради тоа за сообраќај ќе се затвори дел од раскрсницата кај објектот на „Тинекс“ и влезот во бензинската станица „Пуцко петрол“. Во текот на утрешниот ден, пристап кон сервисната улица кај „Тинекс“ ќе има од сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“.

-      

Во четврток ќе се асфалтира делницата од објектот на Американ колеџ до сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“.

-      

Во петок ќе се асфалтира делницата од „Карпет макс“ и „Метро“ до крстосницата со булеварот Србија.

 

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење според условите на патот. Градот Скопје апелира граѓаните, доколку се во можност,  да ја користат околната улична мрежа.

27.05.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега