Скопјани фатени со дрога во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишните В.П. и А.Н. од Скопје за неовластено производство, пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“. Според податоците од полицијата, од страна на полициски службеници извршен е претрес на возило кое се наоѓало на паркингот на плажата „Немо„ во Охрид, во кое се затекнати В.П., А.Н. и 22-годишниот скопајнец Б.К. а при претресот се пронајдени 10 таблети МДМА, паковки со марихуана и еден џоинт во пепелник.
27.05.2014 - 11:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа