Субвенција: По 3.000 денари од општина Центар за сите што сакаат да купат велосипед

Општина Центар ќе му помогне со 3.000 денари на секој кој ќе си купи нов велосипед, јавува опозицискиот портал Центарњуз.
Според информациите на порталот, на седницата закжаана за во четврток овој предлог ќе го разгледува општинскиот совет.
Секој жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед и за тоа ќе достави сметка во општината ќе добие субвенција од 3000 денари.
Субвенцјиата ќе може да се користи само еднаш.

27.05.2014 - 11:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега