Автомобилот го купил пред еден месец а вчера му пропадна во дупка во Ново Лисиче

За вистинска драма вчера во Ново Лисиче сведоачт жителите на населбата, откако по страшното невреме, земјата практично проголта еден автомобил. Тие велат дека сопственикот на автомобилот, своето возило го купил пред еден месец. Колата била практично нова. Кога земјата почнала да се повлекува и автомобилот почнал да пропаѓа, неговиот сопственик влегол во возилото и се обидел возејќи наназад да го извлече од дупката. За среќа, брзо увидел дека нема шанси, па излегол и се повлекол. 
Полицијата и пожарникарите до доцна во ноќта се обидуваа со кран да го извлечат автомобилот. 
Тој пропадна во темелите на дупката за темели на новиот објект кој се град на булеварот Србија во скопската населба Ново Лисиче. Дупката и денеска е полна со вода. Пумпи ја испумпуваат водата, а местото се уште е оградено со полициска лента.
Како денеска изгледа местото погледнете тука.

Фотографии од пропаднатиот автомобил, можете да погледнете тука

26.05.2014 - 10:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега