ФОТО: Почина босанскиот херој од поплавите

Како што соопштуваат медиумите од Босна и Херцеговина, почина вчера храброто момче кое беше тешко повредено откако им помагаше на соседите за време на поплавите.

Мерсад се здоби со тешки повреди помагајќи им на соседите за време на поплавата која ја зафати Босна и Херцеговина. Неофицијално, тој влегол во гаражата во која се наоѓа агрегат. Се обидел да го изнесе и да им помогне на соседите да добијат струја. При палење на запалката во објектот каде што се наоѓал агрегатот, експлодирале канти со бензин, а момчето се здобило со тешки изгореници. Изгорен бил и неговиот респираторен систем, поради што не можел самостојно да дише и бил приклучен на апарати.

Мерсад бил хоспитализиран на Клинигата за ургентна медицина во Сараево, од каде со специјален авион бил пренесен во Џенова.

26.05.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега