Сообраќајот во Скопје се поремети - еве каде не можете да возите

На булеварот „Трета македонска бригада“ денеска ќе биде воведен времен сообраќаен режим поради изведување градежни работи. Ќе се вршат прекопи за поставување подземни инсталации поради што кај крстосницата на булеварот „Трета македонска бригада“ со улицата „Фрањо Клуз“ сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента, во периодот од 7:30 до 18:30 часот.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Привремен сообраќаен режим ќе има и на улиците Ѓорче Петров и Сарај поради монтирање два портални семафорски столбови на крстостницата помеѓу овие две улици.

Сообраќајот ќе биде регулиран со соодветна сообраќајна сигнализација.

25.05.2014 - 10:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега