Српска пејачка преживеала хорор

Познатата пејачка Славица Чуктераш преживеала вистински хорор поради поплавите кои ги зафатија Србија и Бих. Пејачката останала заробена во Босна четири дена.

- Од средата до саботата бев заробена во Босна. Имав настап и тогаш се случи тој ужас. На памет ми беше само да излеземе живи и здрави од местото каде требаше да имам настап. На брзина се пресоблеков и чекав...Ми беше најтешко што не бев до својата мајка кога и бев најпотребна, вели Славица.

Инаку, поплавите во Србија и Босна направија вистински хорор и одзедоа голем број човечки животи. Засега состојбата е под контрола.

 

24.05.2014 - 13:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега