Остра осуда за насилството во Ѓорче Петров од страна на татковците на скопските општини

Координативното тело на градоначалници од Скопје на денешната средба разговараше и ги осуди безредијата што се случуваа во текот на изминативе денови во општината Ѓорче Петров и воедно изразија длабоко жалење за убиството на матурантот Ангел Петковски.

- Градоначалниците на сите скопски општини и на Градот Скопје испратија остра осуда на насилството кое се закани да се прелее и во другите скопски општини. Градоначалниците апелираат до граѓаните да се воздржат од безредија и насилство, за да се врати мирот и безбедноста во Ѓорче Петров, соопштија од канцеларијата на Град Скопје.

Меѓу општините Ѓорче Петров и Сарај, се додава, и претходно имаше одлична соработка, како и меѓу сите останати скопски општини, а градоначалниците во соработка со МВР со заеднички напори работат за смирување на состојбата.

23.05.2014 - 20:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега