Каков е статусот на македонското малцинство во соседните земји?
Центарот за правно-политички истражувања при Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев" организира трибина на тема „Македонското малцинство во соседните земји (Грција, Бугарија и Албанија)".
Трибината ќе се одржи во вторник (27 мај), во свечената сала на Правен факултет (поранешен Ректорат) со почеток во 12 часот.
Учесници во трибината ќе бидат д-р Стојко Стојков - ОМО Илинден-Пирин, Р.Бугарија, Димитри Јоану - ВИНОЖИТО, Р. Грција, Васил Стерјовски - Македонска алијанса за европска интеграција, Р. Албанија, д-р Фросина Ташевска-Ременски од Факултетот за безбедност при УКЛО, Битола, д-р Дејан Маролов од Правниот факултет при УГД, Штип и м-р Ана Никодиновска, модератор на трибината.
На трибината ќе се дискутира за статусот на македонското малцинство во соседните земји, меѓународните институции и нивната улога во заштита на човековите права, евроатланските интеграции на земјите од регионот и слично.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа