Неврохирургот на Михаил Шумахер е во Скопје

 

Иконата во светската неврохирургија, најдобриот познавач на заболувањата на мозокот, професорот Маџид Сами кој е и дел од докторскиот тим на седумкратниот шампион Михаел Шумахер, е во Скопје. Како што јавува Канал 5, тој зад себе има 20 илјади успешни операции на мозоците на многу политичари, спортисти. оперирал и познатиот диригент.

-Сум во консултации со тимот за случајот на Шумахер. Но, еве еден пример сега човекот е починат. По операцијата, сите новинари информираа за операцијата на диригентот Херберт Харадај. Вие новинарите сакате да се зборува за операциите на познатите, вели проф.д- р Маџид Сами неврохирург.

Неврохирургот одржа предавање на Медицинскиот факултет во Скопје.

23.05.2014 - 15:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега