Шиповиќ доби куќен притвор
Мирослав Шиповиќ денеска по одлука на Основиот суд Скопје 1 доби мерка куќен притвор.
-Претседателот на судечкиот совет кој го води предметот К.бр. 32/14 во јавноста познат како „Претседавач“ при Основниот суд Скопје 1 – Скопје по службена должност донесе одлука на обвинетите М.Ш., В.Д., С.Г., С.Т. и на Н.Ш. мерката притвор да им ја замени со мерка куќен притвор, стои во соопштението.
Оваа одлука доаѓа бидејќи обвинетите досега не се осудувани, не се води друга постапка против нив, а воедно покажале и примерно однесување во текот на досегашната постапка.
Следното рочиште е закажано за 27 мај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа