ГОЛЕМА АКЦИЈА: Полицијата почна чистка со криминалот во селата околу Сарај

Безмалку 10 килограми марихуана се запленети при вчерашната полициска акција, дел од продолжението на акцијата со оперативно име „Мрежа“. Според информациите до кои дојде Press24 од полициски извори, дрогата е запленета кај две лица од скопско Глумово. Нашите извори велат дека дрогата била запленета при транспорт, кај наплатната рампа кај Миладиновци. 
Најверојатно, покрај овие двајца, чиј идентитет се уште не се соопштува,приведени се и други лица. 
Од полицијата потврдуваат дека вчера имале акција за заплена на марихуана, но не откриваат детали. 

23.05.2014 - 11:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега