Дунав повторно се заканува- денес и во сабота најкритично

 

Водостојот на Дунав кај Нови Сад, Сланкамен и Банатска Паланка, како и на Тиса кај Тител и денеска е над границите.

Водостојот ќе биде во пораст кај Земун и Панчево и ќе ја достигне границата за вонредна одбрана утре и во сабота, предупредил Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Во текот на денот водостојот на Дунав ќе ги надмине границите за вонредна одбрана од поплави кај Смедерево наведува РХМЗ на својот сајт.

Водостојот на реката Сава кај Јамен, Сремска Митровица и Шабац се наоѓа над границата за вонредна одбрана од поплави со тенденција за мало опаѓање.

Кај Белград водостојот ќе биде во пораст и во текот на утрешниот ден ќе ја достигне границата за вонредна одбрана од поплава.

23.05.2014 - 10:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега