Еве колку паркинг места имало минатата година во Македонија

Вкупно 20.363 паркинг места во 195 паркиралишта и гаражи се евидентирани минатата година во Македонија.

Од нив 14.383 места за паркирање со површина од 366.363 м2 се на отворен простор, 2.543 места со површина од 72.995 м2 се во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 3.437 места за паркирање со површина од 112.251 м2, говорат податоците на Државниот завод за статистика.

Со истражувањето опфатени се фирми за јавни паркиралишта и паркиралиштата на општините.

21.05.2014 - 14:28
Фото: 
Капитал.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега