Конференција на тема унапредување на безбеднoста на сообраќајот на локалните и регионалните патишта

 

Од 21 до 23 мај 2014 година во Скопје во хотелот Холидеј Ин ќе се одржи Меѓународна конференција  на тема :“Улогата на локалната самоуправа и општините во унапредување на безбеднoста на сообраќајот на локалните и регионалните Патишта”.

На конференцијата ќе стане збор и за учеството на младите во сообраќајот  (и возачка дозвола на помлада возраст). Како и  Возење под дејство на различни влијанија (Driving under influence).

 Овој настан се организира во соработка на PRI (La Preventive Routière Internationale ) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 Меѓународната конференција за Улогата на локалната самоуправа и општните во унапредување на безбедноста на сообраќајот на локалните и регионалните патишта ќе ги собере водечките професионалци од целиот свет за да разговараат за ова прашање. Учествуваат повеке од 40 странски учесници  од 15 држави од 3 континенти, и околу 100 учесници  до  Македонија. Настанот се одржува  во покровителство на престедателот на Собранието на РМ Трајко Вељановски.

Голем број сообраќајни несреќи се случуваат на локални и регионални патишта, а некои од нив имаат и фатални последици. Надлежностите за овие патишта се некогаш поделени, а некогаш се само на локалната управа која нема доволно средства и/или стручен кадар да се справи со подобрување на нивната безбедност. Исто така во малите места  многу е почеста појавата на управување со возила на помлада возраст со сите последици што тоа однесување ги носи.

За разлика од тоа во урбаните средини многу поголема опасност претставува управувањето со возилата под дејство на алкохол, психотропни супастанци, лекарства, но и интензивно користење на мобилните уреди за разговор во текот на возењето или пишување пораки. Затоа ги определивме овие теми како доминантни на конференцијата и за нив очекуваме придонес од меѓународините презентери за состојбите во нивните држави.

 

 Во рамките на конференцијата учество ќе земат претставници на држави членки на PRI (La Preventive Routière Internationale) како што се Велика Британија, Франција Португалија Италија Холандија , како и Тунис Мароко Алжи, како и од државите од регионот Србија Словенија Грција Турција и др.

20.05.2014 - 11:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега