Ѓорче Петров ќе донира 200.000 денари за настраданите од поплавите

Општина Ѓорче Петров од својот буџет ќе издвои 200 илјади денари за санирање на последиците од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. Одлуката е донесена денеска, на вонредна седница на Советот, по  предлог на градоначалникот Сокол Митровски. 

- На седницата самоиницијативно советниците  предложија  да издвојат и да уплатат на наменските жиро-сметки на Црвениот крст дел од својот паушал и да дадат свој личен придонес до загрозените семејства од Србија и БиХ, информира општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот и Советот одредиле три пункта на територија  на општината, во  МЗ „Волково“, УЗ „Ѓорче Петров“  и УЗ „Даме Груев“. Граѓаните ќе може да се вклучат со својата хуманост и да донираат од 8 до 19 часот.  

Општина Ѓорче Петров вчера донираше  прехранбени производи, вода за пиење, средства за хигиена и облека, како помош на загрозеното население.

20.05.2014 - 11:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега