МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани шампионската титула

 

Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром е пред одрбана на шампионската титула освоена минатата сезона.

Кошаркарите на МЗТ Скопје, попладнево од 19 часот во Гевгелија му гостуваат на Кожув во четвртиот натпревар од финалето на плејофот.

 

МЗТ Скопје има веќе три победи, па доколку успее да слави и вечерва ќе ја освои втората шампионска титула, а воедно и втора сезона по ред ќе се закити со двоен трофеј, откако веќе го освои Купот на Македонија.

Тимот на Кожув ќе се обиде да стигне до првата победа, со која ќе избегне да стане првата екипа која во финалето од плејофот била поразена со максимални 4:0.

ФОТО: Хитпортал

најчитано сега