Блокиран влезот во Скопје кај Ѓорче Петров - еве што се случува

По синоќешното убиство на матурантот во Ѓорче Петров кое ја потресе цела Македонија, и синоќешните немири, сообраќајот во и околу општината Ѓорче Петров е блокиран.

Блокирани се и некои улици во самата општина на кој се уште не е расчистено по вчерашните немири.

Советот и градоначалникот  на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии.

- Советот и Градоначалникот  на општина Ѓорче Петров, ја разгледаа безбедносната состојба во општината настаната по извршеното убиство на жител на општина Ѓорче Петров, при што изразија жалење за изгубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии. Од општината апелираат до граѓаните да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство, се вели во писменото соопштение до медиумите.

Повеќе детали за убиството прочитајте тука.

20.05.2014 - 09:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега