Го убиле со секири, копачи и ножеви поради велосипед - детали за убиството на тинејџерот во Скопје
Со секири, копачи и ножеви три лица чиј идентитет се уште не е познат убиле 18 годишно момче во скопско Ѓорче Петров. Убиството се случило кај турската очна клиника. Според првичните и неофицијални информации причината за убиството е банална. Непотврдените информации говорат дека на момчето му бил украден велосипедот. Кога тој отишол да си го бара, тројцата го нападнале удирајќи го со секири, копачи и ножеви. Од повредите момчето починало. Полицијата потврдува дека имало убиство во скопско Ѓорче Петров не не открива повеќе детали бидејќи се уште трае увидот. Неофицијално Press24 дознава дека едно лице веќе е приведено.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа