Проверете дали утре ќе останете без струја

Корисниците од селата Горно и Долно Блаце утре од од 7:00 до 9:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 10:30 часот струја ќе немаат и корисниците од Триангла, Маџари во општина Гази Баба,  од 9:00 до 12:00 часот корисниците од село Батинци.

Во периодот од 9:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Милан Мијалковиќ“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 14:00 часот корисниците од објектите во паркот во Ѓорче Петров и дел од село Бразда.

Од 9:00 до 15:00 часот струја ќе немаат и корисниците од село Кучевиште, а од 12:00 до 13:00 часот корисниците од улица 69, населба Маџир Маало, општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина а прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-системот од страна на екипите на  ЕВН Македонија АД.

19.05.2014 - 17:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега