Промовирана атрактивна еко локација близу Штип

 

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев денес ја промовираше еко локацијата „Езерце“ која се наоѓа на околу 5 километри од Штип.

Станува збор за вештачко езерце кое се наоѓа во близина на населбата Три Чешми.

- Ова беше напуштено место, во лоша еколошка состојба. Со максимални напори и со несебичен ангажман на луѓето од Општинскиот затвор, за што морам да им искажам огромна благодарност, оваа локација за само 30 дена е комплетно преуредена. Имаме нова пешачка патека покрај езерото, клупи и летниковци а полека се гради и мала црквичка. Езерото е порибено и наполнето со што веќе наликува на вистинско езеро, па и Штип може да се пофали дека има езеро. Дрворедот ќе го засадиме на есен, кога е време за тоа, со што штипјани ќе добијат беспрекорно мест за уживање, рекреација и одмор, рече градоначалникот.

ФОТО: Сител

најчитано сега