ММФ: Македонската економија зајакнува - растот од 3,5 проценти остварлив

 

Меѓународниот монетарен фонд очекува растот на македонската економија да се зајакне и смета дека предвидниот раст од 3,5 проценти е остварлив. Ова го истакна шефот на Мисијата на ММФ Ивана Владкова Холар по двонеделните разговори со претставници на Владата, Народната банка и приватниот сектор во Македонија.

- Приватната потрошувачка сега е зајакната што придонесува за постепено повлекување на фискалниот стимулс. Задржувањето на фискалниот дефицит на централната власт ќе биде важно за да се задржи одржливоста на долгот, изјави Холар на заедничката прес-кофнеренција со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Таа додаде дека предвиденото намалување на дефицитот на 2,6 проценти во 2016 година е соодветно, но оти треба да се утврдат мерки за негово исполнување.

Доколку се појават притисоци врз резервите, порача, НБРМ да ја зголеми каматната стапка. Според неа пазарот на труд останува отворено прашање и намалување на невработеноста треба да се врши преку поттикнување на соработката меѓу странските и домашните компании, како и да се применат нови вештини и технологии.

Вицепремиерот Ставрески оцени дека ставовите на Владата и ММФ се слични.

- Македонската економија има добар тренд на пораст. Минатата 2013 ја завршивме со 3,1 процент, а за годината очекувањата се дека тој ќе стигне до 3,5 проценти, што е пдообро од првично проектираното со Буџетот од 3,2 проценти. Порастот ќе биде добро избалансиран меѓу инвестициите и потрошувачката. Инвестициите главно ќе бидат поддржани со крупните инфраструктурни проекти, а зголемувањето на платите во јавната администрација и пензиите ќе ја ќе ја стабиизираат личната потрошувачка и тоа ќе биде основа за поизбалансиран раст во текот на оваа и следните години, истакна вицепремиерот.

Проектираниот дефицит е 3,5 проценти и ние сме подготвени со политиките и со реализацијата на буџетот во 2014 година да го одбраниме. За следните години стратегијата предвидува постепена фискална консолидација, која ќе биде соодветна на нивото на заживување на растот на економијата и на приватниот сектор и инвестициите од приватниот сектор, истакна Ставрески.

Тој додаде дека буџетскиот дефицит ќе се финансира со комбинација на домашно и надворешно задолжување. Посочи дека во наредниот период се очекуваат зголемување на странските директни инвестиции.

- Во следните 6 до 12 месеци според најавите ќе има најмалку 10-тина нови странски инвестиции кои ќе отворат нови работни места и ќе придонесат за натамошна диверзификација на извозот и зголемување на извозот и на БДП, потенцира минситерот за финансии.

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов истакна дека монетарната политика ќе продолжи да се фокусира на стабилноста на девизниот курс на денарот и оти заедно со фискалната политика ќе биде фокусирана да ја одржи македонската економија во рамнотежа.

- Нашите оценки во наредниот период се дека овој стабилен амбиент продолжува. Девизните резерви последните 30 дена веќе имаат тренд на пораст, така што очекуваме да продолжи и во наредниот период, бидејќи доаѓа еден период од сезонски аспект кои ги зголемуваат девизните резерви, нашето видување дека оној пад на девизните резери кој беше очекуван во првиот квартал од годината е зад нас и сега имаме поголем тренд, истакна Богов.

 

19.05.2014 - 14:09
Фото: 
економски.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега