Презентација на приоритетите на македонското претседавање со ЦЕФТА
Mинистерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе ги презентира приоритетите на претседавањето на Република Македонија со ЦЕФТА во 2014 година пред претставници на деловните здруженија.
Директорот на ЦЕФТА Секретаријатот Рената Витез, пак, ќе ги претстави главните елементи на Стратегијата на ЈИЕ 2020 и тековните активностиу на ЦЕФТА на меѓународен план.
Целта на презентациите е бизнис заедницата да се запознае со актуелностите во врска со спроведувањето на Договорот и можните бенефити што ги очекуваат со исполнувањето на обврските и роковите.
19.05.2014 - 09:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа