Тетовчанец осиромаши преку ноќ
Засега непознат крадец вчера ја опустошил куќата на 51 годишниот тетовчанец С.А., лоцирана во тетовска Мала Речица.
Натрапникот влегол преку прозорот од кујната, ја пребарал куќата и одзел 18.000 денари, 470 евра во разни апоени, еден пиштол „Чешка Зброевка“ модел ЦЗ75Б кал.9мм, Лугер со фаб.бр.3685Ј и рамка со шест куршуми, кој С.А. го поседувал со дозвола.
Откако ги наполнил џебовите, крадецот ја напуштил куќата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
18.05.2014 - 12:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа