Лајонс клубовите од Македонија праќаат помош во Србија, Хрватска и БиХ

 

 

Националната асоцијација на Лајонс клубовите од Македонија, Лајонс Дистрикт 132 Македонија, ги стартуваше подготовските за хуманитарна акција и директна помош за граѓаните од Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска кои беа погодени од поплавите.

Од Лајонс Дистрикт 132 Македонија информираат дека ќе бидат мобилизирани над 800 членови од 35 лајонс клубови од државата кои низ посебна оперативна програма ќе ја реализираат хуманитарната акција, но исто така веќе е поведена иницијатива за директна поддршка од светската организација на Лајонс Интернејшнал за помош на населението кое настрада од катастрофалните поплави во Србија, Босна и Херцеговина и делови од Хрватска.

18.05.2014 - 12:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега