И Аеродром и Кисела вода се приклучија на акцијата за помош на Србија и БиХ

 

И општините Аеродром и Кисела Вода денеска организраат хуманитарни акции за помош на Србија и Босна и Херцеговина.

Според информациите од Општина Кисела Вода, жителите ќе можат од 10 до 18 часот, во просториите на големата сала на Општината да донираат облека, флаширана вода, хигиенски средства и со тоа да им обезбедат помош на жителите на Србија кои беа погодени од поплавите. Граѓаните можат да достават помош и до сите месни заедници на територија на општина Кисела Вода од 10 до 18 часот.

Жителите на Аеродром ќе можат да ги достават своите донации на двата пункта кои ќе бидат на влезот на Општина Аеродром и пред трговскиот центар „Капитол“.

18.05.2014 - 11:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега