Не можам да пејам додека луѓето страдаат- Владо Георгиев го откажа концертот

Поради влошување на ситуацијата во поплавените делови на Србија, српскиот кантавтор Владо Георгиев одлучи да го откаже солистичкиот концерт во Комбанк арената.

„Драги луѓе, не можам да пејам додека луѓето ширум Србија страдаат. Ве молам, сите оние кои купија карти за мојот концерт да ме резберат и помогнете на загрозените семејства. Новиот датум ќе биде закажан кога ситуацијата во земјата ќе биде стабилизирана и сите заедно ќе пееме за помош на загрозените семејства. Ќе организирам дополнителен концерт чијшто комплетен прилог ќе биде наменет за најзагорезените,“порача Владо Георгиев.

17.05.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега