Седум куршуми во стомакот на штипјанецот -детали од грозоморното убиство во скопски Аеродром

Oд полицијата денеска ги откриваат деталите од свирепото убиство на 52 годишниот штипјанец Д.Ј. кое се случи синоќа во скопската населба Аеродром.

Според првичниот извештај на полицијата од болницата каде бил префрлен, штипјанецот бил погоден со седум куршуми во пределот на стомакот.

- Лицето живеело во зградата каде што се случил инцидентот. Веднаш е префрлен во болница. Во моментот кога бил префрлен бил контактибилен. За жал подоцна им подлегнал на повредите и според првичниот извештај од болницата бил погоден  во пределот на стомакот со седум куршуми, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски, пренесува МИА.

Од местото на злосторството се земени траги кои се предадени на натамошно вештачење. Во тек се активности за откривање кој и зошто го убил штипјанецот.

17.05.2014 - 13:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега