„Гробарите“ и „Делиите“ се обединија со цел да му помогнат на српскиот народ

Фановите на Партизан и Црвена Ѕвезда тргнаа во заедничка акција кон Шабац со цел да им помогнат на погодените од излевањето на реката Сава. 

Овие храбри момци се одѕваа на повикот на премиерот на Србија Александар Вучиќ кој побара 1500 доброволци од Белград со цел да му се помогне на српскиот народ. 

И „Гробарите“ и „Делиите“ се организирале преку социјалните мрежи и уште од вечерва со автобуси ќе тргнат за Шабац.

Нивото на реката Сава во Србија се повеќе се зголемува што предизвикува голем ризик, а во Шабац веќе се поставени неколку пунктови на кои се ставаат вреќи со песок кој треба да помогнат во заштитата од излевањето на Сава.

17.05.2014 - 11:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега