Поплавите во БиХ однесоа 5 жртви

Најмалку пет лица смртно настрадаа во изминатото деноноќие во поплавите што ја зафатија Босна и Херцеговина, потврдија денеска тамошните служби за цивилна заштита.

 

Три лица се удавиле во текот на обидот за спасување од станбени објекти во кои биле заробени од водата, а уште две ги загубиле животите при уривања на куќи предизвикани од поплавите.

 

Во текот на ноќта кон саботата најтешка беше состојбата во северните делови на Босна, а особено во општината Бијелина каде се поплавени повеќе од пет илјади објекти.

Портпаролката на Управата за цивилна заштита на ентитетот Република Српска, Бранка Клариќ изјави дека денеска во утринските часови и натаму се води битка за зачувување на насипите тешко оштетени од надојдените води.

 

Спасувачките екипи продолжуваат со евакуацијата на населението од поплавените подрачја, а се проценува дека таква помош и натаму им е потребна на стотици загрозени.

 

Покрај ангажирањето на специјални екипи за помош од земјите во регионот, во БиХ ќе пристигне помош и од Луксембург, а САД најавија испраќање на тринаесет моторни чамци, како и парична помош.

17.05.2014 - 11:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега