ФОТО: Потресна приказна од Србија- човек херој кој несебично ги спасуваше животите на своите сограѓани

44- годишниот Дејан Лазаревиќ од Топола , вреден работник, добар татко, грижлив сопруг... кого повеќе го нема. Дејан трагично загина несебично спасувајќи ги животите на своите сограѓани.

 

-Сопругата Драгана вчера стоеше на мостот без да мрдне, занемена од тага, гледајќи во реката. Се надева дека е жив, дека синот и ќерката нема да растат без татко. Се надеваа и колегите и спасителите, барајќи го. Телото на Дејан Лазаревиќ е пронајдено вчера во матните води на Јасеница, пишува „Блиц“.

Дејан тој ден во 6:30 наутро, кај мостот во селото Жабар, се обидувал да го спаси Љубиша Јовичевиќ од селото Јарменовци, кој поради надојдените води се качил на дрво. Храбриот пожарникар тргнал да му помогне. Колегата со голи раце го држел за сајлата, реката била силна и за жал рацете на колегата Марко Уришевиќ не издржале. Останал во шок...

-Ми беше добар колега, другар... се надевав дека ќе ги видам жив, раскажува Урошевиќ.

Драган Јовановиќ, претседател во општината Топола бил очевидец на немилиот настан.

 

 

-Бевме заедно, цел ноќ спасувавме луѓе. Во 05:20 ме повикаа да ми кажат дека човекот е заробен на дрвото. Мислевме дека се’ ќе се реши лесно, но одеднаш слушнав врисоци.... и човекот исчезна, вели Јовановиќ и додава “ еве јавно ветувам дека додека сум жив неговото семејство ќе го гледам како свое“.

17.05.2014 - 10:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега