Освен ниска цена „ЕВН Снабдување“ ќе понуди и ефтина тарифа за малите бизнис корисници
ЕВН Снабдување за малите бизнис корисници кои ќе излезат на слободниот пазар подготвува ценовни продукти со многу поволности. Ако до сега на регулираниот пазар за групата на мали бизнис корисници за кои се применуваше Вториот тарифен степен низок напон, односно се применуваше единствена висока цена во текот на целиот ден, на слободниот пазар создадени се услови на овие компании да им се понуди и ефтина тарифа на електрична енергија.
ЕВН Снабдување ваквата можност ја темели на добиените резултати од извршените анализи за развојот на слободниот пазар на електрична енергија за малите бизнис потрошувачи кои ќе одлучат да излезат на слободен пазар од 01.01.2015 год. Ова значи дека покрај очекуваното намалување на цената на електричната енергија, ЕВН Снабдување помеѓу останатите, ќе понуди и ценовен продукт кој што ќе вклучува и ниска (ефтина) тарифа за оваа група на потрошувачи, вели г. Нико Берберу менаџер на ЕВН Снабдување.
Оваа новина е дел од заложбите на ЕВН Снабдување да излезе во пресрет на специфичните барања на сите групи на потрошувачи, поаѓајќи од опциите што ги нуди слободниот пазар на електрична енергија. Тимовите на „ЕВН Снабдување“ веќе работат на развој на специјални понуди кои на малите и средните компании ќе им овозможи снабдување со електрична енергија по најдобри услови.
„ЕВН Снабдување“ е лидер на слободниот пазар на електрична енергија во Македонија. Компанијата располага со стручен тим, кој овозможува навремена и стручна услуга, како и експертиза што на компаниите им обезбедува стабилен развој на нивните бизниси. ЕВН на македонскиот енергетски пазар има формирано и две балансни групи, една на слободниот и една на регулираниот пазар, што на компаниите им овозможува дополнителна стабилност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа