Српскиот патријарх Иринеј: Поплавите се предупредување од Бога!

Како што пренесува српски Прес вчера во Соборниот храм во Белград била одржана молитва за ставање крај на големото невреме што ја зафати Србија, на која присуствувал и патријархот Иринеј. 

Српскиот патријарх Иринеј дал свое објаснување за елементарните катастрофи кои се  случуваат во земјата: - Ова не е Божја казна, туку предупредување да не одиме по патот на пороците, злобата и беззаконието", изјавил Иринеј

Исто така тој додал дека овие денови во Белград ќе се случи геј парадата која  претставува големо беззаконие и порок "со кој се истакнува достоинството и демократијата, а сето тоа против Бога и законите на живеењето".

16.05.2014 - 14:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега