Му ги украле парите и златото - еве што преживеал скопјанец

Крадците не запираат. Во текот на вчерашниот ден во станот сопственост на 49-годишниот С.Р. од Скопје, засега непознат сторител со употреба на подесен клуч влегол и извршил тешка кражба.

Според податоците од полицијата, крадецот од станот одзел 4.850 евра и разновиден златен накит со што се стекнал со 350.000 денари. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

16.05.2014 - 13:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега