НБРМ предвидува раст на БДП од 3,7 проценти

 

Народната банка на Република Македонија во најновиот квартален извештај останува на претходните проекти за раст на БДП од 3,7 проценти за 2014 и 4,4 проценти и за наредната година.

- Најновите показатели за првиот квартал од 2014, како и оценките за идната патека на клучните надворешни и домашни фактори упатуваат на динамика на економскиот раст која не отстапува од претходните очекувања, сметаат од Народна банка и очекуват дека растот и натаму ќе произлезе од извозната инвестициска побарувачка што соодветствува со оценките за подобрување на надворешното економско опкружување за влез на нови и зголемување на искористеноста на постојните капацитети ориентирани кон извоз, како и позитивен импулс од јавните инвестиции.

Според извештајот на Народната банка инфлацијата во првиот квартал од годинава има забавено темпо кое е произлезено од фактори на страната на понудата, односно од отстапувањата во динамиката на светските цени и од нивните пренесени ефекти врз домашните цени.

 

15.05.2014 - 13:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега