Повисоки продажните цени на производителите на индустриски производи

 

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во март се повисоки за 0,5 проценти на месечно, а се пониски за 2,3 проценти на годишно ниво.

Во март во споредба со февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 6,4 проценти, во преработувачката индустрија за 0,1 процент, а во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,3 проценти, говорат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март годинава однос на истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 0,4 проценти, а се пониски во секторите „преработувачка индустрија“ за 2,4 проценти и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 2,9 проценти.

Инаку, во март годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,4 проценти на месечно ниво, а се пониски за 3 проценти на годишно ниво. Во споредба со февруари, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 4,8 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ се пониски за 0,1 процент. Во однос на март лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во март годинава, се пониски во секторот „рударство и вадење камен за 4,4 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ за 2,8 проценти. 

15.05.2014 - 13:29
Фото: 
Сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега