Зголемен прометот во индустријата
Прометот во индустријата во март годинава бележи пораст од 3,8 проценти во однос на истиот месец 2013 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст од 27,7 проценти е забележан кај прометот во индустријата остварен на странски пазари, додека кај прометот во индустријата остварен на домашниот пазар има опаѓање од 16,7 проценти.
Гледано по сектори, кај Рударство и вадење камен има зголемување од 0,6 проценти, а кај Преработувачката индустрија од 14,4 проценти.
Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,4 отсто и Капитални производи за 57,2 отсто, а опаѓање кај Енергија за 94,3 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 12 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто.
Во однос на февруари годинава, прометот во индустријата бележи зголемување за 4,5 проценти, додека во периодот јануари-март во однос на истиот период 2013 година има зголемување за 1,4 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа