ЕВН Македонија инвестираше над 150 000 евра во реконструкција на мрежата во Вевчани
Денешниот прекин во снабдувањето со електрична енергија во Вевчани и другите населени места траеше 15 минути и настана поради невреме. Поради силниот ветер откорнати гранки и делови од дабови дрва скинале кабли на 35 киловолтниот далновод, информираат од ЕВН Македонија
„Во овој планински крај со многу тешко пристапни делови имаше застарена дистрибутивна мрежа. Постојано се инвестира и работи на модернизирање, но тоа не може да се направи преку ноќ. Пред две години имавме средби, телефонски контакти и разговори со жителите на Вевчани и ги нотиравме сите нивни забелешки. Направивме план според кој ние досега се придржуваме. Постојано работиме колку што теренот и временските услови ни дозволуваат. Досега ЕВН Македонија вложи 100 000 евра во реконструкција на ТС Суво поле , за нова опрема за далечинска контрола, заштити и сл. Во 2015 и 2016 ќе се инвестираат уште 150 000 евра за целосна реконструкција на ТС Суво поле.
20 000 евра се инвестирани во реконструкција на ниско напонската и средно напонската мрежа, во поставување на нови кабловски врски и замена на старите дрвени со нови бетонски столбови.Заедно со општината и др. претставници на Вевчани направена е инспекција на критичнмите места и секаде каде тие посочија дека има проблеми се интервенираше. Такви места имаше кај училиштето, во центарот каде што комплетно е поставена нова енергетска инфраструктура , нови столбови, изолирани проводници. Потоа се работеше и кај Амбулантата и кај градниката во Вевчани, места кои од општината беа посочени како критични.“ - велат од ЕВН Македонија
Од компанијата инвестираат дека оваа година дополнително се вложени 36.000 евра, а на 1о киловолтниот далновод од кој Вечевани се напојува со електрична енергија, само од почетокто на годината се заменети 16 столба, а во минатите две години вкупно 24.
„Ние остануванме на она што го ветивме дека ќе инвестираме и ќе реконструираме според динамика која и временските услови и пристапот до енергетските објекти ќе ни дозволи. Апелираме до корисниците од Вевчани да продолжиме заеднички да работиме на целтта, подобрување на снабдувањето со електрична енергија во ова населено место“ - велат од ЕВН Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа