Докторот Ставриќ уште 30 дена во Шутка

Нови 30 дена притвор заедно со обвинение доби познатиот офталмолог Дејан Ставриќ. На предлог на Обвинителството Судијата во претходна постапка одобри Ставриќ уште 30 дена да остане во Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. 
Информацијата ја потврдија од скопското Јавно Обвинителство.
Дејан Ставриќ пред 8 дена бепе уапсен во близина на Транспортниот центар во Скопје. Според обвинението, тој се товари за незаконско посредување за стекнување основ за пензија. Полицијата го уапси со обележани 2.000 евра кои наводно му ги дал пациент.
Дејан Ставриќ во јавноста стана познат кога како претседател на Независниот синдикат на Клиничкиот центар ги предводеше протестите против мерката „плата по учинок“ за лекарите. 

14.05.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега