30 минутен дожд го потопи Скопје

Регионот, од Хрватска и Србија па се до Македонија е под силни дождовни облаци, што ќе трае неколку дена по ред вклучително и денес. Помеѓу 13:30 и 14 часот силен дождовен бран го зафати и Скопје со околината по што за само триесеттина минути надојдената вода создаде проблеми и полавени подрачја кои го отечнуваат сообраќајот и направија штети во околината на Скопје, пред се на земјоделските површини и ниските станбени објекти. Попалвени улици има во Кисела вода, Центар, Чаир и Бутел како и во југозападниот дел на градот. Дождот ќе има прекин во текот на попладнето но, се очекува веќе кон крајот на денот и утре да продолжи.

14.05.2014 - 14:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега