Нова експозитура на ТТК Банка во Кривигаштани

 

Денес, ТТК Банка отвори нова експозитура во општина Кривогаштани, a со цел за приближување на производите и услугите до крајните корисници на подрачјето на пелагониската крстосница, која ги поврзува блиските градови Прилеп, Крушево, Битола, Демир Хисар.

Со отворањето на новата експозитура ТТК Банка придонесува за регионалниот економски развој, подобрување на локалните економските услови и квалитетот на животните услови на граѓаните.

 

Корисниците на ТТК Банка ќе добијат брза, ефикасна и професионална услуга при извршување на универзалните банкарски активности: платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, кредитирање на физички и правни лица, депозитно работење и други.

Дополнително, корисниците ќе имаат можност за користење на услугите преку банкомат, односно достапност на парични средства 24 часа во денот, во сите 7 денови од неделата.

На територијата на Р.Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 32 деловни единици: 7 филијали, 22 експозитури, 3 шалтери.

 

14.05.2014 - 13:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега