Студентката која се самоуби била во секта? - ова се новите детали

Голема трагедија ја потресе Србија пред два дена кога се самоуби студентка од Филозофскиот факултет во Белград. Се работи за 26-годишната Јована Р. која скокна од прозорецот од трети спрат, а според најновите податоци на српскиот Ало, девојката најверојатно била во секта.

Јована во последно време се облекувала во црно, чудно се однесувала и постојано зборувала како има големи неправди кои едноставно не можат да се изменат и да се решат. Откако скокнала од прозорецот, во нејзината рака било пронајдено црно клопче, па се претпоставува дека била во секта.

Од друга страна, нејзините соседи велат дека во нејзината фамилија немало проблеми, дека била фина и исклучиво паметна девојка која никогаш не направила никаков проблем, ниту се чул лош глас за неа.

Според клопчето кое и било пронајдено во раката, се претпоставува дека Јована била во сектата Црна Ружа, чии членови се самоубиваат скокајки од некоја зграда.

14.05.2014 - 12:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега