УЈП направи „парче“ минатата недела - затворени стотина објекти
УЈП постојано апелира даночните обврзници редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, но сеуште постојат деловни објекти кои не го регистрираат прометот и го оштетуваат Буџетот на РМ.
Во изминатата седмица, даночниците спроведоа засилени контроли на цела територија на Македонија. Од вкупно 665 контролирани деловни објекти, во 101 утврдени се неправилности во финансиското работење и неправилности во регистрирањето на готовинскиот промет.
Покрај тоа што овие објекти ќе бидат запечатени, на даночните обврзници им е изречена и парична глоба.
Најголем број на затворени објекти се во Скопје (35), понатаму Битола (20), Струмица (6) и Гостивар (5), додека останатите се лоцирани во други 21 општини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа