ФОТО: Неготинчанка ќе се вози во ова преубаво Пежо - продолжува наградната игра со фискални
Караванот на Државна лотарија на Македонија во Неготино покрај можностите за забава и добивки со игрите на среќа, го донесе и автомобилот Пежо 208, извлечен во 5тото коло од награданата игра Фискална во рака-награда без мака.
Добитничка на овој автомобил е Милица Поповска од Неготино. Таа не го следела самото извлекувањето на МТВ1, па затоа беше мошне изненадена кога водителот Димитар Атанасовски телефонски и соопшти дека токму нејзиниот плик е извлечен за оваа награда. Милица испратила неколку коверти во наградната игра, а еден од нив беше токму среќниот кој беше извлечен од Димитар.
Клучевите од прекрасниот автомобил Пежо 208, на добитничката Милица Поповска и ги додели водителката на Лото 5, Маја Ристевска. Со торта, во придружба на семејството и сограѓаните, Милица, видно возбудена, ја споделуваше среќата со тимот на Држвана лотарија на Македонија.
-Во 5то коло од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА, одржано на 28.04.14, покрај автомобилот Пежо 208, беа извлечени 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари. Следното, 6то по ред извлекување на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА ќе се одржи на 26.05.2014 .Во ова коло на наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари. Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за 6то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, четвртото и петтото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7мото коло за извлекување на стан и деловен простор, соопштуваат од Државната лотарија.
Само за потсетување, за учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11. 2013та, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра:
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
БУЛ. "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" БР. 8
1000 СКОПЈЕ
ЗА НАГРАДНА ИГРА
ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа